Неодамна заврши пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок при УИНТ „Св. Апостол Павле“ - Охрид. Следниот рок за упис е на 16 и 17 септември, додека третиот е на 27 септември. Прочитајте дел од причините зошто треба да го изберете токму УИНТ:
1. Нови и иновативни програми кои се акредитирани со решение на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование
- Уште при своето формирање, Универзитетот понуди нови и иновативни програми од областа на информатичките науки и технологии. Дел од тие програми се во областите на компјутерските науки и инженерство; комуникациските мрежи и безбедност; машинска интелигенција и роботика; применети информатичко-комуникациски технологии (е-влада, е-бизнис, е-култура); информатички системи, визуализација, дигитална мултимедијална и анимациска техника; информациски и комуникациски системи за бизнис и менаџмент.
2. Културна разноликост
- На УИНТ студираат и работат студенти и професори од повеќе од 40 држави од речиси сите континенти. Затоа Универзитетот секоја година го одбележува и Денот на културната разноликост, кој во рамките на програмата на УНЕСКО се одбележува на 21 Мај.
3. Национална и интернационална академска препознатливост
- Универзитетот „Св. Апостол Павле“ ги следи европските и светските трендови и стандарди за високо образование, особено Болоњската декларација. Тој најмалку двапати годишно има внатрешна и надворешна евалуација во која учествуваат експерти од земјата и пошироко.
Универзитетот има склучено договори за соработка со повеќе од 100 универзитети и други институции од повеќе од 70 земји од сите континенти. Во рамките на ваквата соработка нашите професори, пред сè, работат на реализација на заеднички истражувања и публикување научни трудови, а ваквата соработка вклучува и размена на наставен кадар и реализација на куси студиски престои. Ова го зголеми бројот на квалитетни трудови со импакт-фактор во последниве години, но исто така придонесе и за пораст на научноистражувачките проекти, кои му носат дополнителни средства на УИНТ.
Обраќање на ректорот Нинослав Марина во ООН
4. Пристапна школарина
- Годишните трошоци за студирање во државна квота на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ изнесуваат околу 12.000 денари. За споредба, годишните трошоци за студирање на универзитетите во САД се движат помеѓу 20.000 и 80.000 долари.
5. Англиски како официјален јазик
- УИНТ е единствен универзитет во Македонија каде што студентите можат да студираат на англиски јазик под менторство на професорите што доаѓаат од познати универзитети од САД, Британија, Јапонија, Италија, Израел, Бразил, Индија, Јужна Африка, Франција, Португалија, Белгија, Перу, Малезија итн. Нашите студенти имаат можност да студираат и да се дружат со студенти од Африка, Азија, Европа и Америка. Со други зборови, УИНТ го нуди „светот во мало“, или како што кажа ректорот проф. д-р Нинослав Марина при неговото обраќање во Обединетите нации во јули 2015 година - УИНТ е мини-верзија на Обединетите нации.
6.Светско искуство
- Користејќи ги можностите што ги нудат програмите за размена на студенти и наставници, во изминативе неколку години повеќе од 15 отсто од нашите студенти и професори оствариле студиска мобилност на некој од партнерските универзитети во Европа и светот, а сè поголем број студенти од странство го избираат нашиот универзитет за реализација на нивната студиска мобилност. Тие програми ги вклучуваат програмите „Еразмус +“, „CEEPUS”, „COST”, „IAESTE” и слични на нив. Со други зборови, нашите студенти имаат голема меѓународна мобилност, со што ги збогатуваат нивните знаења и ги прошируваат нивните хоризонти.
УИНТ има студенти од цел свет
7. Глобална визија
- Визијата на УИНТ истовремено е и едноставна и моќна. Тоа е да биде интернационално признат истражувачки универзитет. УИНТ е високообразовна институција, според стандардите за квалитет на престижните универзитети од областа на информатичките науки и технологии.
Достигнувањето на овие цели не е едноставно, но претставува насока кон која конзистентно и фокусирано се движиме, креирајќи институција - лидер во квалитетот на академските програми и едукативните политики.
8. Лидери во истражувањето
- Како најзначајни проекти, последните две години би ги одделиле: Билатералниот проект помеѓу Македонија и Австрија: „АтомскаМагла – интелигентно менаџирање на ресурсите во Магла“, со партнер Универзитетот во Инсбрук, Австрија и проектот, на кој сме особено горди: ARTICONF (smART SocIal media eCOsytstems in a blockchaiN Federated environment) – Паметни социјални медиуми во екосистеми во околина на блокчеин-заедници). Проектот е добиен преку програмата HORIZON 2020 и ќе се одвива во периодот од јануари 2019 до декември 2021. ARTICONF нуди нова перспектива каде што со креирање отворен и транспарентен систем ќе се контролираат информациите и нивната веродостојност, и кој ќе овозможи индивидуално или колаборативно монетарно подобрување. Тригодишниот проект вклучува институции учесници од Австрија, Холандија, Велика Британија, Македонија, Португалија, Шпанија и Норвешка. Иницијалните резултати се очекуваат во 2020 година.
9. Одлични предавања
- Предавањата на УИНТ се препознатливи по својата длабочина, автентичност, информации и знаења кои ги следат трендовите и новите сознанија за секоја од областите. Нашиот кадар остварил студиски престои во Австрија, Франција, Хрватска, Словачка, САД, Индија, Африка, Јапонија, Германија, Ирска, Англија, со што уште еднаш се потврдува високиот стандард и во тој слој на работата на универзитетот.
10. Можноста да се студира во Охрид
Охрид е град на светлината. Град на писменоста. Со едно од најстарите езера... Град на мудроста.