Моето дете има три години и оди во градинка. Проблемот е што се плаши од звуци на блендер, миксер, првосмукалка, паро-чистач и да остане во просторија во градинката со неговите другарчиња. Учителките ни советуваат консултација со психолог поради оваа ситуација со детето. Нивните зборови се следниве: „Ние не смееме да го оставиме со другите деца бидејќи плаче додека не го земеме со нас, кога е со нас, нема никаков проблем.“ Дали има простор за паника? Дали нешто не е во ред со моето дете или е само период? Важно е да напоменам дека детето доцна прозборува.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк