X
 06.04.2023 Образование

Средношколци од Делчево собираат 60.000 денари за да направат електростатски филтри

Со визија да ја направат нивната општина почисто и поубаво место за живеење, петмина ученици од СОУ „Методи Митевски-Брицо“ од Делчево собираат 60.000 денари за да изработат електростатски филтри.

Електростатскиот филтер e уред кој се поставува на излезот од печката или оџак и служи за прилепување на штетните честички CO2 од огревното дрво и други токсични материјали кои се користат за затоплување. Филтерот се поставува еднаш и се користи засекогаш. Нема потрошни материјали во него и лесно се одржува.

- Сакаме да изработуваме електростатски филтри кои работат по принципот на електростатско поле. Функционираат на принцип што во внатрешноста на кафезот се создава висок напон кој ги електризира штетните честички од чадот и притоа тие се прилепуваат на страните на кафезот. Со тоа штетните честички не излегуваат во воздухот и не прават дополнително загадување. Ќункот се чисти рачно, како и вообичаено. Филтерот се изработува според потребите и големината на ќункот на печката. Сите материјали се од тврда природа, не се кршливи и имаат неограничен рок на употреба - велат учениците.

Вкупната сума за еден уред е 4.500 денари доколку се направи нарачка за поголема количина.

Доколку сакате да го поддржите овој проект, тоа можете да го направите ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование