Нова пилула може двојно да го намали ризикот од смрт од одреден вид рак на белите дробови доколку се зема секој ден по операција за отстранување на туморот. Пилулата била тестирана во клиничко испитување во САД.
Во светот околу 1,8 милиони луѓе годишно умираат од рак на белите дробови. Новата пилула, која била создадена од фармацевтската група „Астра зенека“, се нарекува „осимертиниб“. Таа третира одреден вид рак на белите дробови од кој заболуваат 10-25 отсто од пациентите во САД и во Европа, а 30-40 отсто во Азија.
Во клиничкото испитување учествувале над 680 пациенти од над 20 земји кои биле во рана фаза од болеста. На пациентите прво им бил отстранет туморот со операција, а потоа половина од нив го пиеле лекот, додека другата половина пиеле плацебо.
Резултатите покажале дека пациентите што го пиеле лекот имале 51 отсто помалку шанси да умрат во споредба со другите пациенти. По 5 години, 88 отсто од пациентите што го пиеле лекот биле живи, во споредба со 78 отсто од пациентите што пиеле плацебо.
Лекот веќе се продава во десетици земји низ светот за разни намени.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay