Нептун Happy картичката го прославува седмиот роденден. Роденденската прослава е закажана на 7 јули (среда) во сите продавници на „Нептун“ каде потрошувачите само овој ден ги очекуваат специјални акции со специјални попусти и дополнителни екстра поени од 7% до 15% на Happy картичката, како и 777 подароци за лојалните потрошувачи.
Водејќи се од желбата на своите потрошувачи да им обезбеди бројни придобивки, големи заштеди и максимално уживање при купувањето, „Нептун“ пред седум години ја креираше Happy програмата за лојалност. Станува збор за една од најстарите програми за лојалност во малопродажната дејност во земјава преку која „Нептун“ секојдневно ја наградува својата потрошувачка заедница. Happy картичката, која денес има повеќе од 300.000 корисници во земјава, е една од најраспространетите програми за лојалност на регионалниот пазар.
- Лојалната програма изразена преку Happy картичката е организиран систем на бенефиции создаден да инспирира повеќе радост и задоволство при секое купување во „Нептун“. Оваа програма е одраз на заемната почит и доверба што ја градиме со нашата потрошувачка заедница, поради што нема подобар начин да го прославиме роденденот на Happy картичката од тоа дополнително да ги наградиме Нептун Happy членовите. Покрај акциите и дополнителните попусти, за во среда подготвивме и 777 подароци за нашите потрошувачи како благодарност за тоа што ни веруваат и нѐ поддржуваат сите овие години. Обично за родендени се добиваат подароци, но за роденденот на нашата Happy картичка ние ќе подаруваме – истакнуваат од менаџерскиот тим на „Нептун“.
Освен за физичко купување во продажните салони на „Нептун“, Happy картичката е достапна и во дигитален облик со цел да им ги овозможи истите попусти и бенефиции на потрошувачите кои купуваат онлајн преку интернет-страницата на „Нептун“.
(Комерцијална објава)