X
 06.07.2022 Живот

„Денот кога се роди добриот човек“ во чест на Дејан Костов Лиса

По повод Меморијалниот ден „Денот кога се роди добриот човек“, на 10 јули 2022, од 18 часот, на фејсбук-страницата и јутјуб-каналот на Здружението за алтернативна култура „Алтер центар“ Кавадарци, ќе биде промовирана музичка тема посветена на Дејан Костов Лиса, урбан лик и градска легенда, но посветена и на целокупното урбано и градско живеење во Кавадарци, денес своевидно урбано подземје со најубавите вистински градски приказни.

Музичката тема е целосно авторско дело, специјално подготвувана подолг период, искрено и со љубов, со оригинална музика и текст. Ја исполнува група музичари и уметници под името „Лиса“, а е насловена како „Пријатели и другари“.



Здружението за алтернативна култура „Алтер центар“, Кавадарци од 2012 го негува алтернативното културно живеење во градот, се разбира, во рамките на своите скромни можности: десет меморијални манифестации „Денот кога се роди добриот човек“ посветени на Дејан Костов Лиса, урбана градска легенда и соработник на најдобрите уметници од сите области, седум изданија на Меморијалната манифестација „Пријателите за Ристо“, посветена на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол, рок-концертот „Кога Кавадарци свиреше Rock’N’Roll - 25 години од првиот Тиквеш рок-фест“, „Тиквеш рок-фест“ кој досега доживеа четири изданија и „Алтернативни пејзажи“ - настан за промоција на нови рок-групи, синглови и албуми.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот