Кога британскиот фотограф Стивен Пембертон слушнал дека аурора бореалис ќе биде видлива во неговата област, тој ја собрал опремата за фотографирање и се упатил до неговата омилена локација.
Кога пристигнал, бил задоволен дека поларната светлина е активна, но не го очекувал она што следувало.
- Кога пристигнав, ја поставив камерата, се фокусирав на далечна ѕвезда и направив фотографија на која се наоѓаше аурора бореалис. Но, истовремено имаше и светла бела патека директно над Млечниот Пат. Нешто што не сум го видел претходно. Ја насочив камерата и дозволив да потрае експозицијата. И тогаш се случи. Фотографијата што ја направив апсолутно ми го одзеде здивот. Знаев дека направив нешто неверојатно и нешто што ретко се гледа - вели фотографот.
Лентата на небото што ја фотографирал, всушност, е Стив, феномен што беше именуван во 2016 година, иако набљудувачите на поларната светлина го забележуваат со векови. Стив е кратенка од англискиот термин „Strong Thermal Emission Velocity Enhancement.
Иако не е невообичаено да се види феноменот, ретко е да се фотографира Стив заедно со аурора бореалис и Млечниот Пат.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram