Сега имаме можност да слушнеме како шепоти еден од најголемите и најстарите живи организми на Земјата благодарение на снимките од треперењето на милиони лисја што ечи низ неговите корења.
Станува збор за шума позната како Пандо, што на латински значи „се ширам“, а која се состои од едно единствено дрво со 47.000 генетски идентични стебла.
Овие стебла изникнуваат од заеднички коренски систем кој се протега на 40 хектари во американската сојузна држава Јута. Оваа осамена машка јасиколинска топола постепено пораснала до маса од неверојатни 6.000 метрички тони, што ја прави најголемиот жив организам во светот, пишува Сајенс алерт.
Звукот на милиони лисја
По, како што се проценува, за 12.000 години постоење, ова огромно растение, чии стебла се издигнуваат и до 24 метри во висина, со сигурност има многу што да раскаже. Неодамнешните снимки ни овозможија да го „чуеме“ како никогаш досега.
Уметникот Џеф Рајс поставил подводен микрофон во празнина при дното на една гранка и го спровел до коренот, не очекувајќи дека ќе забележи нешто.
- Верувам дека она што го слушате е звукот на милиони лисја во шумата, чии вибрации патуваат низ стеблото, се пренесуваат низ гранките и се спуштаат во почвата - објасни Рајс.
Древниот џин е во опасност
За жал, ова величествено дрво пропаѓа, а истражувачите се загрижени дека деновите на Пандо, како и на целокупниот живот што зависи од него, се одбројани.
Човечките активности, вклучувајќи го расчистувањето на земјиштето и предаторите кои ја држат под контрола популацијата на тревопасни животни, го загрозуваат опстанокот на ова древно суштество. Тоа е причина повеќе да го послушаме „Џинот што трепери“ додека сè уште може да ги сподели своите тајни со нас.
Фото: принтскрин/јутјуб