X
 10.07.2022 Живот

Рецептот за среќа на Ајнштајн што сите почнаа да го применуваат

Што е првото нешто што ви паѓа на ум кога ќе ги отворите очите наутро? Дали размислувате за работата што треба да ја извршите во текот на денот, за е-поштата на која треба да одговорите или да направите список со задолженија што ве очекуваат?

Или размислувате за работи што ве прават среќни? За бакнежот на вашето дете пред да оди на училиште, за прегратката на саканата личност кога ќе се врати дома?

Алберт Ајнштајн еднаш рекол: - Најважната одлука што треба да ја донесе еден човек е според кои принципи сака да живее. Дали живее во пријателски или во непријателски свет?

Во кој свет живеете вие? Како го гледате? Секој од нас треба да донесе одлука, а таа одлука ја носиме секое утро. Кога ќе се разбудите, веднаш треба да си го поставите прашањето: „Дали живеам во добар, пријателски свет?“

sreka
Фото: Unsplash

Начинот на кој ќе одговорите и на кој ја гледате вашата околина влијае врз тоа како ви поминува денот. Позитивното размислување прави очите да светат, го исполнува човекот со енергија и среќа.

Кога го започнувате денот верувајќи дека светот е добар, станувате помалку склони кон негативни реакции доколку работите тргнат наопаку. Имате повеќе трпение и надеж.

Доброто раѓа добро

Начинот на кој го доживувате денот на самиот почеток влијае врз количината на добри работи што ќе ви се случат во текот на денот. Чувството на задоволство може да го стимулира човечкиот мозок толку силно, што станува некако програмиран да гледа само позитивни работи. Со други зборови, колку повеќе добрина гледате во светот околу вас, толку повеќе добрина ќе добиете за возврат.

Ако се разбудите и изберете да живеете во лош свет, го живеете денот на сосема погрешен начин.

Позитивното размислување позитивно влијае врз здравјето. Го намалува ризикот од депресија, ја намалува анксиозноста и нè прави поотпорни на секој проблем. Луѓето што имаат тенденција да го гледаат доброто околу себе, имаат тенденција да живеат подолго и полесно се справуваат со стресот.

Факт е дека е лесно да паднеме во замката на негативните мисли, некои работи нè погодуваат, но треба да се трудиме секогаш да наоѓаме нешто добро.

Ако го започнете денот со позитивни мисли, вашиот живот за брзо време ќе се подобри.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот