X
 10.09.2020 Живот

Македонски телеком ја креира Skopje ZOO – апликација за дигитално искуство на сите посетители во Зоолошката градина - Скопје

  • Онлајн-билети, дигитална навигација и едукација за повеќе од 500 животни
Откријте го шарениот и разновиден животински свет на Зоолошката градина – Скопје преку новата мобилна апликација Skopje ZOO, која од денеска е достапна на Play Store и App Store. Лансирањето на интерактивната апликација со која посетителите ќе добијат сосема поинакво доживување преку технологијата го означува почетокот на партнерството на Македонски телеком и Зоолошка градина – Скопје.

Една од главните карактеристики на апликацијата е што првпат ќе можат да се купуваат единечни или групни билети онлајн, што во време на препорачана физичка дистанца е повеќе од посакувана опција. Skopje ZOO апликацијата содржи и дигитална мапа за навигација, која откако ќе го изберете животното или објектот што сакате да го видите, ќе ви покаже маршрута како најлесно да стигнете дотаму.



Апликацијата овозможува и интерактивна едукација со интересни податоци за животните.

Пред секое животно е поставена табла со QR код, кој доколку го скенирате, ќе ви прикаже информации за животното пред кое се наоѓате. Повеќе од 500 животни од 83 вида се организирани според категории за да можете полесно да се снајдете и да го надополните вашето искуство како посетител.

Оваа интерактивна апликација е осмислена од вработени во Македонски телеком за незаборавно дигитално искуство за посетителите во ЗОО Скопје. Инволвираноста и целосната посветеност на вработените во развојот на апликацијата овозможи да создадеме интерактивна апликација која освен што е интересна за едукација на најмладите, овозможува полесно дигитално живеење и за сите останати посетители. Вработените се активно вклучени во остварување проекти и идеи каде што технологијата се користи во служба на општеството и преку оваа апликација даваат свој придонес кон креирање хумано дигитално општество.



Во иднина се очекува апликацијата Skopje ZOO да продолжи да се надградува со нови функционалности со кои корисниците би имале можност за уште многу забавни и едукативни содржини.

Преземете ја апликацијата Skopje ZOO

Апликацијата е креирана за сите посетители на Зоолошката градина - Скопје, едноставна е за користење и нема потреба од креирање кориснички профил.

Достапна е во три јазични верзии, а може да се преземе бесплатно од:

 

 

Онлајн-купувањето билети е достапно и преку веб на следниот линк: https://zooskopje.telekom.mk/

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот