X
 20.02.2023 Наука

Научници направиле нов вид брашно што ќе ве држи сити подолго време

Научници употребиле специјално смислено брашно за да направат леб кој одржува ситост подолго време и ги намалува нивоата на шеќер во крвта, потенцијално нудејќи поздрава алтернатива која го намалува ризикот од дебелина и дијабетес.

Новото брашно се базира на семиња кои вклучуваат наут, леќа и грав.

- Во време кога сме охрабрени да го зголемиме внесот на влакна, оваа студија ја нагласува важноста на физичката форма на влакната во забавувањето на дигестијата на скробот, подобрувајќи ги нивоата на шеќер во крвта и стимулирајќи хормони на ситост кои ни помагаат да се чувствуваме сити - вели биохемичарот Питер Елис од Кралскиот колеџ Лондон во Велика Британија.

Откако го создале брашното и испекле леб, истражувачите го тестирале на 20 здрави лица, на кои им бил послужен бел леб со 0, 30 и 60 отсто брашно од наут во него. За вкус бил додаден џем без додаден шеќер.

Според исказите, лебот со повеќе брашно од наут правел волонтерите да се чувствуваат посити. Крвните анализи покажале дека тоа е резултат на зголемено ослободување на хормони на ситост.

Потоа, тука е и намалувањето на шеќерот во крвта - лебот со 30% брашно од наут ги намалило нивоата на шеќер во крвта до 40 отсто, а речиси толкаво намалување било забележано и кај лебот со 60% брашно од наут во споредба со обично брашно. Според истражувачите, тоа се случува бидејќи е потребно подолго време скробот да се разложи во телото.

Истражувачите забележуваат дека може да биде тешко да се натераат луѓето да ги сменат нивните навики за јадење и да се спречат потенцијални проблеми како дебелина и дијабетес, што е и причината зошто ваквите напредоци ветуваат.

Истражувањето е објавено во „Американ џурнал оф клиникал нутришн“.

Извор: Science Alert
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука