Астрофотограф направил неверојатно чиста фотографија од Месечината која го воодушеви интернетот.
На 1 октомври Дарја Кава Мирза ја поставил фотографијата на „Редит“ под наслов: „Една од најострите слики од Месечината што некогаш сум ја направил преку телескоп.“
Фотографијата собра повеќе од 62.000 лајкови и околу 1.000 коментари.
Фотографијата детално осветлува дел од Месечината, откривајќи безброј траги од кратер и гребени осветлени од Сонцето. Исто така, покажува дека Месечината не е целосно бела и сива, иако може да изгледа така од Земјата. Голем дел од површината на Месечината содржи минерали кои се природно сиви, што е она што го гледаме од Земјата.
Фото: Darya Kawa Mirza daryavaseum
Астронаутите од „Аполо“ мисијата забележале дека виделе различни бои на Месечината за време на мисиите, од чоколадно кафеава до бледо сина. Овие тонови се должат на разликите во минералниот состав на површината на Месечината, конкретно варијациите во содржината на железо и титаниум. Темносината боја има тенденција да сигнализира области богати со минерали кои содржат титаниум, додека портокаловата и виолетовата означуваат региони со релативно ниска содржина на титаниум и железо.
Трагите од кратер што се гледаат на фотографијата се резултат на милијарди години „бомбардирање“ на астероидите. Иако и Месечината и Земјата доживеале многу удари од астероиди, Земјата има природни процеси, како што се ерозија од временските услови, вода и растенија, кои помагаат во ослободувањето од кратерите со текот на времето.
Бидејќи нема атмосфера, Месечината не поминува низ овие процеси. Како резултат на тоа, кратерите имаат тенденција да останат таму.
Извор:
Newsweek.com
Фото: Darya Kawa Mirza daryavaseum