Минатиот месец
Факултети.мк направи онлајн-анкета во која ги запрашавме студентите кој наставник заслужува пофалба за трудот што го вложил во организирањето на онлајн-наставата.
Меѓу оние за кои студентите испратија најмногу пофалби се најде и професорката Бистра Ангеловска, редовен професор на Факултетот за медицински науки во Штип, на катедрата по социјална фармација и фармацевтска технологија.
- Затоа што е единствена професорка која ја вклучува камерата во текот на онлајн-наставата, со тоа можеме да ја доловиме онаа невербална комуникација која го појаснува подобро материјалот - ja пофалија студенти.
Сега ние ја прашавме неа што има да им каже на студентите.
Погледнете ја целата нејзина порака: