X
 11.09.2022 Живот

При булинг на ученик, училиштето е единствената институција која може да го реши проблемот, Седењето по цел ден пред компјутер да се замени со трчање... Што пишувавме неделава

Седењето по цел ден пред компјутер да се замени со трчање, но правилно и редовно, советува атлетската легенда Вера Вељановска

Препорачливо е младите да трчаат наместо да седат по цел ден пред компјутер или на телефон. Но, притоа движењето на телото треба да биде правилно. Доколку сакаат да ја намалат тежината и да добијат убава форма на телото, потребна е дисциплина, а не паузи во спортувањето, советува Вера Вељановска, некогашна македонска атлетска легенда чии рекорди во трчање на кратки патеки уште од пред половина век тешко се надминуваат.

Прва љубов и инспирација ми е Кавадарци, а Охрид е најфотогеничен, вели младиот фотограф Ристе Стамаџиев

Кавадарци е посебна приказна, место со голема историја, култура и традиција кои имаат големо значење и за Македонија и за македонскиот народ. Тиквешкото Езеро со своите изгрејсонца и зајдисонца, пејзажи, со својата смиреност и мистериозност го прават посебно место и одлична инспирација за фотографирање, вели Ристе

СТУДЕНТСКИ МЕМОАРИ: Јован Андов (82) пред 59 години дипломирал на ДИФ во Белград - Другарството беше големо и искрен

Велешанецот Јован Андов е меѓу првите кај нас со диплома од Факултетот за физичка култура (ДИФ), и тоа во Белград, со оглед на тоа што во тој период немало таква катедра во Македонија. Како вечен вљубеник во спортот, Јован без размислување се одлучил да ги продолжи студиите во српската престолнина и со тоа се здобил со звањето професор по физичка култура, професија што веднаш ја практикувал во основното училиште во Велес.

При булинг на ученик, училиштето е единствената институција која може да го реши проблемот, вели психологот Иван Христов

Постојат неколку знаци преку кои може да препознаете дека вашето дете е жртва на булинг. На пример, има малку или воопшто нема пријатели со кои поминува време. Се чини дека се плаши од одење на училиште, патување до и од училиште, возење во автобус или учество во организирани активности со врсниците. Наоѓа или измислува изговори зошто не може да оди на училиште. Изгледа тажно, нерасположено, плаче или изгледа немотивирано кога ќе дојде дома. Има проблеми со спиењето или има чести лоши соништа. Изгледа вознемирено и има ниска самодоверба, посочува Иван Христов, училиштен психолог

Кога бев студент со д-р Ненад Лазаров: „Спиев со скелет под креветот за да учам анатомија“

Според мене, непотребно е да се брка висок просек бидејќи во медицината треба да ја процениш ситуацијата и ако не знаеш нешто, да знаеш каде да побараш. Треба да ги совладаш основите, да видиш дали имаш талент за медицина бидејќи без талент, нема медицина, вели д-р Лазаров

СТУДЕНТСКИ МЕМОАРИ: Александар Здравев (90) завршил Архитектонски факултет во Белград - Беше многу тешко, но затоа факултетот и студентите многу се ценеа

Александар Здравев е роден на 20 април 1932. Студирал до четврти семестар на Архитектонскиот факултет во Скопје, а преостанатите семестри ги продолжил во Белград и дипломата ја добил на Архитектонскиот факултет во Белград.

Ален Куљеван е дел од балканскиот тим што ќе лансира сателит во вселената: „Придонесувам во делот со електроника, мехатроника и софтвер“

Ален Куљеван од Скопје е македонскиот претставник на вселенската Асоцијација на Југоисточна Европа - СЕСА, која оваа есен планира да лансира сателит поддржан од Асоцијацијата на индискиот технолошки конгрес - ITCA.

Ален има завршено на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, а во моментов работи како фриленсер. Тој за Факултети.мк раскажа за неговото искуство поврзано со овие науки, неговите интереси и достигнувања.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот