X
 28.02.2021 Наша тема

Ни советите ни опремата нема да натераат некого да работи ако нема желба и љубов, ќе се вратиме ли во нормала, независен живот на планина...

Што истражувавме?
Во случај да пропуштивте...

Ви нудиме краток преглед на авторските теми што ги објавивме неделава:

Социјалните мрежи – загрижувачкиот феномен на современието. Да, тешки се ова времиња. Таа тешкотија се мери во носталгијата со која гледаме во времето зад нас, зачинето со прашањата што ги поставувам. Секако, едно од основните прашања, според мене, е: Дали тоа беа подобри времиња или ние бевме подобри луѓе? Ако успееме да си го одговориме, верувам дека го правиме првиот чекор да им помогнеме на нашите деца, пишува Елизабета Секирарска, професорка во средно училиште.

„По скалилата на успехот“ со Тхе Мичо: Мислеле ќе му помине, а сега е еден од нашите најдобри и најнаградувани илустратори и стрип-цртачи. Роден и израснат во Битола, популарниот Тхе Мичо далеку стигна од тие рани цртачки денови и веќе е етаблиран како еден од нашите најдобри и најнаградувани илустратори и стрип-цртачи. Неговото име стои рамо до рамо со легендите од светскиот стрип и илустрација, во книгата „The Sakai Project“.

Исти задачи од лани, мамење, плаќање за учество на натпревар... Наставници реагираат, за Сојузот на математичари нема ништо спорно. Задачите беа потешки од оние што се учат на школо. Ако одиме според тоа што се учи по математика по Кембриџ-програмата, таму сите задачи се едноставни, нема потешки задачи. Во сите учебници до деветто одделение нема задачи што бараат размислување. А ова, сепак, е натпревар и овде нема лесни задачи, вели претседателот на Сојузот на математичари, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски.

„И Велес е далеко ако одеш пешки“. Не бидува развиена економија без квалитетни патишта - Соодветната патна инфраструктура воспоставена до секое село и град во државата ќе ги намали трошоците за транспорт, а исто така позитивно ќе влијае и врз миграцијата на населението.

Колку време би требало за Македонија да се врати во нормала преку вакцинација? Чарето е што побрзо да се вакцинираме со што повеќе дози, но не само ние, велат епидемиолози.

Уметникот Зоран Алапулов-Пикси раскажува за независниот живот на планина: Сам произведува храна, користи соларна струја... Пикси, без премногу размислување ги спакувал куферите и заминал да живее на 440 метри надморска височина во спокојното подножје на Беласица, поточно во с. Костурино.

Григориј Ангов со 9,8 завршил Машински на УГД: „Секој млад човек прво треба да ја гледа иднината во својата земја, но и таа треба да се потруди“ - По дипломирање веднаш се вработил, а во блиска иднина планира да запише магистерски студии.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема