X
 12.01.2022 Забава

Студент добил милион долари на лотарија со ливче што му било подарено

Годинава му почна одлично на еден студент во сојузната американска држава Вирџинија.

Брајан Донахју добил ливче за лотарија од неговата мајка во чорап закачен во нивниот дом на Божиќ. Ливчето било добитно, и тоа за награда од 1 милион долари.

Донахју, кој студира математика на Универзитетот на Вирџинија, изјавил дека ќе искористи дел од наградата за да ги покрие трошоците за студирање за него и за неговата сестра.



Извор: WSVN 7 News
Фото: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава