X
 12.08.2024 Технологија

Роботските кучиња влегуваат во активна војна - ќе им помагаат на војниците од првата линија во мисии со висок ризик

Кучињата-роботи наскоро би можеле да ги заменат војниците на фронтот во Украина, преземајќи опасни мисии како шпионирање на руски ровови или откривање мини.

За време на демонстрациите на непозната локација, моделот „БЕД 1“ ја покажал својата агилност, одговарајќи на команди со стоење, клекнување, трчање и скокање. Овие роботски помошници наскоро би можеле да ја променат играта за армијата на Украина, која се бори со недостиг на работна сила, според нивните креатори.

Снимајќи ниско и речиси незабележливо, напредните машини користат термичка слика за да ги извидуваат непријателските ровови и згради во борбени зони. Според Јури, британски оператор на воена опрема, традиционалните извидувачки мисии често вклучуваат обучен воен персонал кој се соочува со значителни ризици.

-Имаме војници за надзор кои се испраќаат во извидувачки мисии (кои) најчесто се многу високо обучени луѓе, многу искусни луѓе (и) секогаш изложени на ризици - истакнал Јури.

Тој исто така потенцирал дека роботскиот помошник ги намалува овие ризици и ги зајакнува оперативните способности, што е негова примарна функција. Уредот за демонстрација има траење на батеријата од околу два часа. Дизајниран е за откривање мини и импровизирани експлозивни направи и може да носи и до 7 килограми муниција или лекови, до критичните области на бојното поле. Јури споменува дека иако не може да го открие точниот број на распоредени кучиња-роботи во Украина, тој верува дека нивната употреба значително ќе влијае врз операциите и ќе ја подобри безбедноста на војниците.

Доколку роботските кучиња паднат во руски раце, прекинувачот за итни случаи му овозможува на операторот да ги избрише сите нивни податоци, осигурувајќи дека чувствителните информации остануваат безбедни, додал Јури. Кучињата роботи и биле доставени на Украина од неименувана британска компанија, и иако постои понапреден модел „БЕД 2“, тој не бил прикажан за време на демонстрациите од безбедносни причини.

Кучињата роботи биле тестирани и од Армијата на САД како дел од нејзините напори да ја интегрира оваа технологија за поефикасни и смртоносни воени формации. Армијата истражува напредна опрема, вклучително и роботско куче со пушка, контролирано со вештачка интелигенција, за да развие решенија за неутрализирање на натрапнички дронови. Невооружани модели се распоредени и за патроли на базен периметар.

Извор: interestingengineering.com

Фото: YouTube (screenshot)

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија