X
 12.10.2022 Образование

Од училиштата во Велика Британија се отстрануваат аналогните часовници бидејќи учениците не знаат да ги читаат

Децата би требало да знаат како да читаат аналоген часовник до својата седма година, но се чини дека многу деца во Велика Британија брзо ја забораваат оваа вештина.

Аналогните часовници во училниците во Велика Британија се заменуваат со дигитални часовници бидејќи учениците имаат проблем да го одредат времето на традиционалните часовници. Наставниците се грижат дека учениците би можеле погрешно да го пресметаат времето што им преостанува на тест и ќе губат време обидувајќи се да го пресметаат.

Џеф Бартон, главен секретар на здружението на раководители на училишта и факултети, изјавил дека здружението е запознаено со практиката во некои училишта да се заменат аналогните часовници.

- Младите луѓе што полагаат испити се пораснати во дигитално време и не ги гледаат за нужни аналогните часовници како што тоа го правеле постарите генерации. Тоа навистина е случај на временски разлики - изјавил тој.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование