Во Македонија заврши главното меѓународно тестирање ТИМСС, кое во април и во мај се реализира во 150 основни училишта во државата со 4.000 ученици од четврто одделение, избрани по случаен избор. Тестовите ќе почнат да се оценуваат од идната недела. Пробното тестирање во септември лани покажа слаби резултати. Најпроблематични се задачите каде што од учениците се бара да дадат објаснување за својот одговор, да покажат практично разбирање и примена на стекнатото знаење.
Прочитајте повеќе на Деца.мк.