X
 06.03.2022 Наша тема

Сведоштво на Македонец за патот од Киев до Скопје, Милена Гривчевска заврши медицина со 9,94... Што пишувавме неделава

Милена Гривчевска заврши медицина со 9,94, волонтира на Клиниката на хематологија и се подготвува тежината на професијата да ја носи грациозно и со насмевка на лицето

Милена Гривчевска, која има 25 години и со просек 9,94 ги завршила студиите по општа медицина, во јуни 2021 година, на Медицинскиот факултет при УКИМ. Ѝ била доделена наградата првенец на генерација од Фондацијата „Трајче Мукаетов“, каде што била стипендист. Сега е волонтер-доктор на Универзитетска клиника за хематологија.

Искра Донева се подготвува да направи 1.927 чекори за да ја победи болеста

Оваа хуманитарка дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а на истиот факултет се запишала и на постдипломски студии. Вели дека стекнатото образование ѝ го трасирало патот и ѝ отворило многу врати

Патот од Киев до Скопје траеше два дена, а за мене цела вечност – сведоштво на Горан Мирчиќ

Горан Мирчиќ е скопјанец кој веќе една година работи за компанијата „Кока-Кола“ во Киев. За Факултети.мк го раскажува патешествието низ кое поминал, а кое почнало утрото на 24 февруари, кога одекнале првите експлозии во главниот град на Украина.

„Горда сум што во мојата заедница ме препознаваат како борец“ – вели Малинковска, здравствен медијатор од Битола

Има само 25 години, а веќе неколку години им помага на Ромите да се вакцинираат, да се запишат на училиште, да стигнат до матични гинеколози, стоматолози, лекари, лични карти...

Сцената ни е катастрофа. Младите сакаат да се претстават на фестивали, но не добиваат ни одговор, вели Иван Димишков – Димиш

Иван Димишков-Димиш е 20-годишен артист од Скопје кој во својата соба досега има создадено 28 авторски песни за кои сè уште бара простор за промоција. Нашата сцена ја опиша само со еден збор - катастрофа. Вели дека младите таленти немаат простор за промоција, а на телевизија може да се видат само познати бендови и артисти.

Животот на Алјаска – место кое доаѓаш да го посетиш и не си одиш, вели Ангела Маслова

Веќе е извесно дека мојот живот ќе се одвива меѓу Алјаска и Македонија. И двете во секоја смисла се специјални и за мене се дом. Овде никому не му е грижа како некој изгледа, што има облечено и што прави. Ги ценат вистинските човекови вредности, вели Ангела


Роберт Јанкуловски: Уметничкиот пазар во светот има строги критериуми кои ние од Балканот не ги разбираме доволно

Уметниците се тука директно или индиректно да укажат на одредени проблеми, да ја заинтересираат јавноста и заедно да им се спротивстават на овие појави, вели Јанкуловски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема