X
 14.03.2019 Спорт

26 спортисти ќе ги бранат боите на Македонија на Специјалната олимпијада во Абу Даби

Дваесет и шест спортисти ќе ја претставуваат Македонија на Летните олимписки игри на Специјалната олимпијада што од денеска до 21 март ќе се одржуваат во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.
Свеченото отворање ќе биде попладне со дефиле на стадионот во спортскиот град на шеикот Заед и со палење на олимпискиот оган на надежта.


Триатлонката Елена Зисовска е водач на делегацијата

Спортистите од нашата земја ќе се натпреваруваат во три дисциплини, пливање на 50 и 100 метри и штафета, атлетика и јунифајд кошарка и ревијално танцување.
- Ние сме подготвени да се претставиме во најдобро светло, да уживаме во искуствата од олимписките натпреварувања, да дадеме сѐ од себе и да ги потврдиме или надминеме досегашните резултати - изјави Елена Зисовска, водач на делегацијата.
Летните олимписки игри на Специјална олимпијада Абу Даби 2019 се најголемиот спортски настан со хуманитарен карактер на планетата. Учествуваат над 7.000 атлети од 190 земји од светот кои ќе се натпреваруваат во 24 спортови. Игрите се одржуваат со поддршка од 20.000 волонтери. Ова се први олимписки игри во регионот на Блискиот Исток.

извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт