Минатиот месец
Факултети.мк направи онлајн-анкета во која ги запрашавме студентите кој наставник заслужува пофалба за неговиот труд што го вложил во организирањето на онлајн-наставата.
Меѓу оние за кои студентите испратија најмногу пофалби се најде и професорката Светлана Вељановска од Правниот факултет во Битола.
- Применува најлесен, најсовремен пристап на учење на материјата, со што ни олеснува да учиме од самото предавање - пишуваа студентите за неа.
Сега ние ја прашавме неа што има да им каже на студентите. Вели дека е големо признание кога ќе се добијат пофалби од студентите, особено во период кога нема директен контакт. Таа им се заблагодари на студентите и оптимистички истакна дека ги очекува на први октомври.
Погледнете ја целата нејзина порака: