X
 14.09.2022 Култура

Пријавете се за бесплатен билет за влез во „Саграда фамилија“ во Барселона

Црквата „Саграда фамилија“ во Барселона ќе подели 15.000 бесплатни билети за влез во текот на месецов.

Оние што се заинтересирани за бесплатен билет треба да се регистрираат најдоцна до 19 септември на овој линк. Потоа ќе бидат одбрани победници кои ќе добијат по 4 билети за отворените денови на 23, 24 и 25 септември. Заинтересираните кандидати може да се пријават за различни периоди од деновите.

Црквата е најпознатата туристичка атракција во Барселона. Таа е позната по тоа што е споменик што постојано еволуира бидејќи нејзината градба трае речиси сто години по смртта на нејзиниот архитект, Антони Гауди.

Црквата привлекувала околу 4,5 милиони посетители годишно пред пандемијата. Цените за влез се движат од 26 евра нагоре.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура