X
 14.11.2018 Образование

Отворен фонд за донации за нашите ученици да заминат на Олимпијада во Африка

Донирајте на: https://www.facebook.com/donate/260343107985835/260343954652417/


Преку интернет-донации се собрани вкупно 571 од потребните 8.900 американски долари за да можат нашите шест талентирани ученици за две недели да заминат во Боцвана и да ја претстават Република Македонија на 15. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки. Фондот за донации го отворила Ања Кузманоска-Фелдман, наша иселеничка во Соединетите Американски Држави.

Факултети.мк и Деца.мк пред неколку дена објавија дека македонскиот тим составен од шест ученици и тројца метори немаат буџет за да обезбедат авионски билети до африканската земја каде се одржува натпреварот. Тие сами си платиле визи, а котизацијата од свои средства ја обезбедија трите научни друштва кои ги подготвуваат учениците за оваа манифестација - Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД).

Дел од нашиот тим, за време на подготовките

- За жал, и покрај големиот вложен труд и одличните резултати на сите ученици, финансиската поддршка од држава и од релевантните институции е само делумна, па сосема е несигурно дали нашиот тим ќе успее да стигне на Олимпијадата и пограј неколкумесечните подготовки и напорната работа – пишува Кузманоска-Фелдман.

Според доц. д-р Ламбе Барандовски, претседател на комисијата за натпревари при ДФРМ и еден од тројцата ментори, засега пари им одобриле само од Агенцијата за млади и спорт.
- На четворица ученици им се одобрени по две просечни плати. Останатите двајца имаат помалку од 15 години, а според правилник на Агенцијата, тие можат да поддржат исклучиво млади од 15 до 29 години. Затоа овие два ученика не добија помош – објаснува Барандовски.

Менторите и нивни колеги веќе неколку години се залагаат системски да реши овој проблем.

Донирајте на:
https://www.facebook.com/donate/260343107985835/260343954652417/

Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование