X
 14.12.2016 Живот

Лав Толстој: „Во нашиот свет секој мисли за промена на човештвото, но никој не мисли да се промени себеси“

Лав Толстој бил руски филозоф и еден од најголемите писатели во светот. Тој бил еден од првите поддржувачи на идејата дека уметничките тела не треба да се приватна сопственост туку дека треба да припаѓаат на целото човештво. Неговото одбивање на црквата и државата го направиле посебен христијански анархист кој остро ја осудуваше суетата кај луѓето, и бил првиот човек кој ја одбил Нобеловата награда за литература.

Во продолжение ви пренесуваме дел од неговите мудри мисли за животот, љубовта, вербата и среќата.

„Во нашиот свет секој мисли за промена на човештвото, но никој не мисли да се промени себеси“.

„За оној кој знае да чека, сѐ доаѓа навреме“.

„Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“.

„Големите работи секогаш се едноставни и скромни“.

„Двата најмоќни воини се трпението и времето“.

„Секогаш мислиме дека нѐ сакаат бидејќи сме добри, но никогаш не се сомневаме дека се добри оние кои нѐ сакаат“.

„Љубовта е живот. Сѐ што сфаќам, го сфаќам само затоа што го сакам. Кога сакате некој, ја сакате оваа личност онаква каква што е, а не каква што вие сакате да биде“.

„Сме изгубиле затоа што самите сме си кажале така“.

„Најголемите вистини се едноставни“.

„Професијата на секој маж и жена е да им служи на другите луѓе“.

„Грешката никогаш не може да биде поправена од грешка, и злото не може да биде уништено од друго зло“.

„Среќата не зависи од надворешните работи, туку од начинот на кој ги гледаме работите“.

„Постои само едно време кое е важно - сегашноста! Тоа е најважно бидејќи ова е времето кога имаме моќ“.

„Она што е погрешно не престанува да биде погрешно бидејќи мнозинството се одлучило за него“.

„Живејте ги моментите на среќа, љубов и бидете сакани. Тоа е единствената реалност во светот, сѐ останато е лажно. Тоа е единственото нешто за кое сите сме заинтересирани“.

Кога држел предавање по руски јазик и компаративна книжевност на Универзитетот Корнел и на Колеџот Велесли, руско-американскиот писател Владимир Набоков секој час го започнувал затворајќи ги завестите. Во целосен мрак тој започнувал: „Ако си замислите дека руската литература е небото, тогаш ова е Гогољ“, вклучувајќи светилка од таванот на аудиториумот. Потоа тој повторно ги притиснал прекинувачот: „Ова се Чехов и Достоевски“, и приклучил две светилки. Потоа Набоков се приближил до прозорецот и ги отворил сите завеси. Кога целата предавална се осветлила од сонцето, Набоков рекол: „А ова е Лав Толстој“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот