X
 13.08.2015 Образование

Дали суровиот кинески образовен систем навистина е најдобар за студентите?

кина

 

Образовниот систем на Кина предизвикува завист кај многу земји од западот, кои сакаат да постигнат исто ниво на резултати на тестовите и дисциплина во нивните училишта.


Сепак, реалноста на школувањето во Кина, која гледа подалеку од резултатите од испитите на учениците, вели дека образовниот систем во Кина го ограничува образованието на децата во земјата.

За време на една дебата за британското и кинеското образование на „Today programme“ на BBC радио, се зборуваше за организацијата PISA (Programme for international student assessment) која го оценува и рангира глобалното образование, и нејзините одлуки Кина да ја стави меѓу топ првите земји за образовние.

„Единствените луѓе кои веруваат во табелите на PISA се BBC и Министерството за образование“, изјави новинарот Сајмон Џенкинс, во разговор со кинескиот новинар и автор Ксинран Ксу.

„Тоа се чисти глупости. Можеш да направиш се` со 15 годишни деца ако ги третираш како бебиња комунисти. Ова нема врска со образование туку со добар пласман на табелата“, додава тој.

PISA табелите ни кажуваат се` за релативните вештини на тинејџерите околу светот во читање, математика и природни науки и често пати се користат за да се именуваат земјите со „најдобар“ образовен систем.

Сепак, организацијата постојано се соочува со критики, вклучувајќи тврдења дека тестовите ги игнорираат културните кулиси на учењето на учениците (како што е силниот притисок за добри резултати), па не се земаат во предвид граѓанскиот, уметнички и морален развој и поттикнуваат краткорочни решенија како што е учењето напамет со цел нацијата и училиштата да бидат високо рангирани, меѓутоа не обезбедува соодветна едукација на студентите.

Ксу ги укажа културните разлики меѓу британските и кинеските училишта: „Во Кина, кога студентите доаѓаат во училницата, мора да им кажеш дека мораат да научат нешто - тоа е нивната должност кон државата, кон нацијата и кон семејството“.

Таа вели дека во Велика Британија приоритетите се различни, такашто студентите одговараат на прашањата: „Што е вашата иднина, што вие би сакале за себе и за вашата иднина?“.

„Тоа е доста различна филозофија“, вели таа. Ксу исто така објаснува дека силните кинески верувања во семејните вредности и хиреархијата исто така се важен фактор во учењето и улилницата - од студентите се очекува да ги почитуваат нивните постари колеги, а во професорите никогаш студентите не смеат да се посомневаат.

Нагласувајќи ги основните културни разлики, Сајмон Џенкинс вели: „Ние настојуваме да ги учиме да бидат бунтовни, иновативни, а помал акцент ставаме на учењето напамет“.

За студентите во Кина, учењето е нивната должност кон семејството и државата. „Доколку наредите 100 15 годишни деца и со нив вежбате математика 12 часа на ден, тие ќе извадат одлични резултати - но тоа не мора да значи дека тие имаат добро образование“, вели Ксу.

Претходните секретари за образование како Мајкл Гоув хи охрабруваа училиштата да се обидат да емулираат кинески образовен систем како обид да се види дали кинескиот систем на колективно размислување, должност и строго учење може да биде од корист за англиските тинејџери.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование