Розин Хаеси од Ирска живее во Бразил, кадешто предава англиски јазик. Таа е илустраторка, а својот талент го искористила за да им помогне на сите ученици на англискиот јазик подобро да совладаат барем дел од него.
Идиомите во англискиот јазик најчесто имаат различно значење од она кога би се превеле буквално. Буквалните преводи и значењето на идиомите се претставени преку интересни илустрации во делата на Хаеси.