X
 15.03.2019 Образование

Независниот синдикат за образование реагира зашто в сабота ќе се оди на училиште

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) реагира што е променет календарот за работа во основните и во средните училишта, односно што утре и следната сабота се прогласени за работни во образованието.

- Иако минатата година, кога одработувавме дури пет саботи, МОН изјави дека утврдиле оти работењето во сабота не е ефикасно и дека веќе нема да се практикува, оваа година се продолжува со истата неефикасна и непопуларна практика. Притоа, надлежните не земаат предвид дека деновите во кои учениците беа ослободени од настава поради енормното загадување на воздухот беа работни денови за сите вработени во образованието - изјави денеска Валентина Мишкова-Кенкова, генерален секретар на Синдикатот.

Од Синдикатот посочуваат дека при донесувањето на ваквата одлука не е земено предвид дека во тек се голем број општински и регионални натпревари кои се одржуваат во саботите и оти со одржувањето на наставата во саботи ќе настане хаос во училиштата.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование