X
 28.02.2019 Образование

Ниеден наставник не сноси вина што не функционираше е-дневникот, реакција на СОНК

Бурни реакции и незадоволство предизвика дописот на Министерството за образование и наука во кој се бара од наставниците да го пополнат електронскиот дневник ретроактивно. Самостојниот синдикат за образование и наука упати реакции до МОН во кои го споделуваат незадоволството на наставниците, а реакција подготвува и Независниот синдикат за образование и наука.


Дописот од МОН до основните и средните училишта

Од почетокот на учебната година до месецов електронскиот дневник не функционираше затоа што долго траеше процедурата за избор на фирма што ќе го одржува е-дневникот.


Реакцијата на СОНК до МОН

Во реакцијата на СОНК стои дека за наставниците е неприфатливо да се пополнува е-дневникот ретроактивно, со оглед на тоа дека ниеден наставник не сноси одговорност што е-дневникот досега не функционираше. „Од тие причини, не сме согласни да го пополнуваме е-дневникот од 1 септември“ - стои во реакцијата на СОНК.



Од Независниот синдикат потенцираат дека ваквото барање е во спротивност со одредбите од Законот за основно, односно средно образование, кој предвидува да се води електронски дневник на неделна основа.
Од МОН сè уште нема одговор дали ќе ја сменат одлуката.

Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование