Недостигот на работна сила во Германија го чувствуваат и граѓаните, а за пополнување на слободните работни места во најбараните професии потребни се и до 200 дена.
Водоинсталатерите и мајсторите за греење и климатизација се најбараните професии во Германија. Ниту во една друга професија не е потребно толку време за пополнување на слободните работни места, покажува новата анализа на Федералната агенција за вработување.
Речиси две третини од сите слободни работни места во оваа професија не се пополнуваат во просек по 200 дена, а потоа следуваат негувателите на постари лица со 199 дена.
Во анализираните групи на занимања има повеќе од 472.000 слободни работни места, од што само во производството се 63.000, вклучувајќи ги и индустриската и прецизната механика.
Следуваат професиите со 61.000 понуда за
работа.
Недостигот на работници го чувствуваат и граѓаните. Во Баварија ова лето имаше проблеми со возните редови на возовите бидејќи недостигаат возачи, а во целата земја сè почесто има привремени затворања на болници поради недостиг на медицински сестри, а дури и недостигот на лекари е сè поголем.