X
 15.12.2020 Наша тема

Слободанка Кузманова низ личен пример: Хаосот од удари боли, до кога ќе молчиме за домашното насилство?

Хаосот од удари боли. Нека не ве залажуваат два-три нежни збора и парфем со добра цена. Ниту едното е љубов, ниту другото е почит. Тргни ги синџирите од рацете и излези од таа мрачна средина. Донеси ја оваа одлука сега и веднаш. Само ти ја имаш моќта на контролата над себеси. Јас го избрав тој пат. Работев на својот личен раст и развој, така и успеав. Тоа е начинот да се успее, пишува студентката Кузманова за својот личен пример

Автор: Слободанка Кузманова, студент на Факултетот по психологија на Меѓународниот славјански универзитет

Промени го шаблонот на однесување од страна на типичен злосторник. Време е да им кажеш крај на зададените критериуми на чек-листата чиј редослед е следниот: неспособна си, безвредна си и на крај безброј тупаници. Редици ургенции на списоците во центрите за посвојување деца, секој сака да врачи чедо за кое живот би дал.
А ти? Имајќи свое, уште што не го продаде...
А зошто? Едноставен одговор. Битие незадоволно од себе, од својата машкост, се докажува на тој начин. Со употреба на сила, се изживува со тие околу него, менува партнерки, и сепак е незадоволен од себе.
Недостигот на адекватно детство те држи за гуша и те влече, те влече... Бавниот, но сигурен емоционален пад го нарушува менталното здравје и веќе во ниедна средина во општеството не се пронаоѓаш. А тоа почнува да ти пречи и да те дави, што те доведува до степен во својата глава да го правиш сценариото за црн филм, чија главна сцена е самоубиство.
И знаеш, таков е животот - ќе умреш или ќе живееш. Но сега вистинското прашање е дали вреди едното или другото. Па одеднаш се пали таа ламба која е надеж, која е живот. СФАЌАШ, ДЕВОЈКО, дека тој ти ја црпи енергијата, а ти со сиот памет не размислуваш дека животот е еден. Никој од нас нема втор живот за првиот да му го подари некому. За некој со нас да монструира.
И на крај доаѓаме до вистинското прашање кое многу чини.


Фото: Приватна архива

ДО КОГА ЌЕ МОЛЧИМЕ ЗА ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО?

Време е да ни падне таа кнедла од грлото која не задушува и со крената глава да ги кажеме сите начини на кои се манифестира насилството. Да се заборави тоа правење разлика помеѓу ментално и физичко насилство. Насилство е какво и да е! Модро и крваво око или модра и крвава душа, сеедно е. Хаосот од удари боли. Нека не ве залажуваат два-три нежни збора и парфем со добра цена. Ниту едното е љубов, ниту другото е почит. Тргни ги синџирите од рацете и излези од таа мрачна средина. Го заслужуваш тоа без разлика каква е твојата боја на кожа и боја на коса.
Донеси ја оваа одлука сега и веднаш. Само ти ја имаш моќта на контролата над себеси. Јас го избрав тој пат, кренав слушалка кај својот психолог, од кого побарав помош за себезаштитување. Работев на својот личен раст и развој, така и успеав. Тоа е начинот да се успее, да се понесе.

„Губитникот никогаш не победува, а победникот никогаш не се откажува“, Наполеон Хил

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема