Без разлика дали сте новодипломирани, штотуку оставени или се обидувате да откриете што сакате да бидете, понекогаш немате зборови за да се опишете себеси. Германците се тука да помогнат.
Fernweh - желба за изолирано место
Ова е обратното од желбата за одење дома. Со ова чувство сакате да бидете било каде само не дома.
Schnapsidee - идеја која доаѓа од премногу шнапс
Дваесетгодишниците се` уште се обидуваат да сфатат дали донесувањето одлуки се прави додека се пие пиво или жесток пијалок. Кога пријателите ќе ви понудат луда работа поради пијанство, кажете им дека тоа е Schnapsidee.
Torschlusspanik - страв дека заостанувате
Кога вашите пријатели изгледаат совршено среќни со слики од бебиња на социјалните мрежи, можеби се чувствувате Torschlusspanik. Ова е чувството дека вратата ви се затворила пред нешто големо.
Mutterseelenallein - засекогаш сами
Ова се преведува како „осамена мајчина душа“ или да се биде толку осамен што дури и душата на мајка ви е покрај вас.
Hotel Mama - живеење со мама и тато
Ова е фразата која ја користат Германците кога зборуваат за луѓето кои се` уште живеат со нивните родители.
Lebensabschnittsgefährte - партнер за дел од животот
Дваесетгодишниците понекогаш менуваат повеќе вакви партнери кои се само привремени.
Zukunftsangst - страв од иднината
Многу дваесетгодишници се плашат од иднината, поради што може да го одбегнуваат семејството или пријателите или да бидат во депресија. Немојте да имате Zukunftsangst!
Lebenskunst - уметноста на живеењето
Не е само дестинацијата, туку и патувањето, зарем не? Овој
збор изразува гледање на животот како на уметност.