X
 28.11.2016 Наука

Тајните досиеја на ЦИА во врска со луѓето со натприродни способности


Илустрација на човек со натприродни способности

Длабоко во архивите во градот Ленгли, се кријат тајни документи за телепатија, екстрацензорна перцепција и други парапсихолошки феномени. Неодамна објавените документи на ЦИА за истражувањата на овие феномени, упатуваат на можноста дека некои од нив би можеле и да се докажат.

Документите се објавени дури по барањето за симнување на ознаката за тајност, а повеќето информации се темелат на кинески истражувања. Целиот документ на ЦИА е познат под името „Хронологија на неодамнешните интереси за исклучителните функции на човечкото тело во НР Кина“.

Еве неколку од најважните заклучоци на ЦИА:

Кинески научни списанија

Едно важно кинеско научно списание, Зиран Зираки, во 1979 година објавило извештај за невизуелно препознавање, каде се споменуваат неколку сведоштва за неверојатни човечки потфати. Следната година истото списание организирало парапсихолошка конференција во Шангај, каде учествувале повеќе од 20 истражувачки институти и универзитети од целиот свет. Во 1981 година, биле оновани стотина институции за проучување на деца со посебни способности.

Наредната година, кинеската академија на науки била спонзор на јавна конференција во Пекинг, каде се дебатирало за луѓе со парапсихолошки способности. На универзитетите во Кина биле спроведени тестирања на десетици луѓе за да се откријат потенцијални телепати. Таа година бил откриен и Џанг Баошенг, кој ги шокирал истражувачите, покажувајќи одредени парапсихолошки капацитети. Другата година тој повторно бил испитуван, овој пат во присуство на 19 научници кои ги следеле тестовите на одделението за физика на учителскиот факултет во Пекинг.

Се покажало дека Баошенг можел да префрла мали предмети од затворени резервоари/контејнери само со помош на силата на умот. Шест месеци научниците го следеле Баошенг и тој во неколку наврати успеал парчиња од хартија да ги стави во стаклена цевка, а потоа и да ги извади. Тестовите ги повторил и со мали инсекти. Неколку години подоцна , неговите способности биле снимени со камера. Наводно, во три сцени од филмот јасно се гледа движењето на таблетки низ ѕидовите на стаклена цевка.

Специфичен експеримент

Еден друг документ на ЦИА со наслов „Истражување на паранормални способности за пробивање на просторни бариери“, донесува и опис на еден специфичен екперимент во кој учествувал Баошенг.

„Дрвен контејнер со димензии 120 x 180 x 60 сантиметри е користен како затворен контејнер. Листови од хартија со единствени ознаки се поставени на горната полица. Баошенг успеа да ги извлече листовите и да ги врати назад во контејнерот што останал недопрен и затворен цело време. Тоа покажува дека дури и во големи  садови можат да се пробијат просторни бариери“, пишува во документите на ЦИА.

Американскиот весник за кинеска медицина пренесувал слични неверојатни приказни, меѓу кои една од најинтересните е онаа за Чулин Су. Наводно, таа можела да го забрзува растењето на семето. Со силата на својот ум, таа можела да го поттикне растењето на семето со незамислива брзина. Во рок од дваесетина минути, семето никнувало и пуштало корени, долги неколку сантиметри.

Истите истражувачи пишувале дека Су успешно прикажала никнување на семе и тоа 180-пати,  користејќи ја единствено силата на умот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука