X
 16.12.2016 Игри

Пристигна продолжението на Супер Марио

Првите играчи се воодушевени од продолжението на легендарната игра која сега е достапна за „iPhone“ и „iPad“ уредите.


Новиот  Супер Марио пристигна. Играта е бесплатна, но доколку сакате да ги отклучите сите делови ќе морате да платите 9.99 евра. Можеби како единствена мана е тоа што играта постојано бара Интернет конекција, а засега не се знае колку таа конекција троши податоци.

Графиката е одлична, исто така и звукот кој е добро познат, а контролите се учат за многу кратко време. Освен како Марио, играчите можат да играат и како Луиџи, Тод и Јоши. Играта е креирана за играње со една рака, а има три мода :

„World Tour“ : Овој свет се состои од 6 поглавја, секое со по четири нивоа и целта е да се победи Баусер, но и да се спаси принцезата Пич.

„Toad Rally“ : Натпреварувајте се секој пат на различен начин, со било кој играч од светот. Поврзете се, изберете противник или прифатете го предизвикот и забавувајте се.

„Kingdom Builder“ : Благодарение на паричките и круните може да изградите „Mashroom Kingdom“, користејќи ги познатите облици и декорации и Супер Марио сценографија.



Супер Марио можете да ја преземете овде.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Игри