Фото: Sanjin Strukic/PIXSELL
Албанската влада ја отвори архивата на озлогласената тајна полиција „Сигурими“ од периодот на Енвер Хоџа, 25 години после падот на комунизмот.
„Ова би требало да го искорени злото кое и понатаму го уништува албанското општество - болен но неизбежен процес“, вели албанскиот писател Исмаил Кадаре за отворањето на архива.
Енвер Хоџа четири децении ја потиснувал секоја опозиција и ја изолирал земјата од било какви надворешни влијанија. Во декември 2016 година било основано независно тело задолжено преку архива да ги води оние кои сакаат да пребаруваат. Телото било овластено и за издавање на „потврда за несоработка“ со комунистичкиот режим, шо денес е услова за било која јавна функција.
Повеќе од 100.000 луѓе завршиле во работните логори за време на владеењето на Енвер Хоџа. Биле затворени 20.000
Албанци, а околу 6.000 билие убиени или исчезнале.
Во архивата се наоѓаат милион страници на документи и десетици илјади датотеки. Целта на отворањето на архивата на поранешната тајна полиција била пацификација на албанската политичка сцена на која обвиненијата за соработка со „Сигурими“, често без никакви докази, ѝ предизвикувало дискредитација.
Докажаните случаи за соработка со тајните служби се доста ретки. 26 години после падот на комунизмот, докажано е дека само двајца политичари јавно признале соработка со „Сигурими“.