X
 17.03.2017 Култура

Гај Јулиј Цезар: „Во војна, настаните кои се важни се резултат на неважни причини“

Денес Цезар сѐ уште се смета за еден од најголемите воени команданти во историјата и неговото име е синоним за политички силен човек.

Како постигнал толку многу моќ во својот живот? Еве неколку лекции за лидерство:

Презентацијата е важна. Најдобрите лидери не прават само одлични работи, тие знаат да ја презентираат приказната. Кога напишал извештај за една победа ја склопил реченицата „Дојдов, видов, победив“ по која е познат и денес. Таа е кратка, но сепак кажува многу.

Потребно е да се преземаат ризици. Во антички Рим преминувањето на реката Рубикон била голема работа. Тоа било еднакво на прогласување војна и може да се казни со смрт. Но овој ризик му се исплател барем за кратко.

Нема ништо погрешно да се почне со малку. Често морате да бидете голема риба во мало тенџере за да успеете како лидер. Тој го разбирал ова и успеал да дојде на моќна позиција откако го изгубил наследството како млад човек.

Ништо не е неменливо. Гај Јулиј Цезар еднаш напишал „во војна, настаните кои се важни се резултат на неважни причини.“ Одморот никогаш не е добра идеја затоа што работите може да се влошат.

Никогаш не се измамувајте себе си.
Ако сте успешен лидер не треба да дојдете до моментот кога почнувате да верувате во сопствените глупости. Најдобрите не дозволуваат чувствата да доминираат во донесувањето на одлуки. Инстинктите се важни, но не смеете да се потпрете само на нив.

Не запаѓајте во удобност. Без разлика колку добро изгледаат работите, најдобрите лидери ги предвидуваат најлошите резултати.

Никогаш не се продавајте за малку.
За да водите, потребна Ви е самодоверба во сопствените способности, а ова на Цезар никогаш не му недостигало.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура