X
 17.07.2023 Образование

Две бронзи и две пофалници за македонските физичари на Меѓународната олимпијада по физика

Денеска во Токио, Јапонија, заврши 53. Меѓународна олимпијада по физика на која учениците од Македонија го забележаа најголемиот успех на оваа олимпијада освојувајќи два бронзени медали и две награди за успешно учество (пофалници), соопштија од Друштвото на физичарите на Република Македонија.

Оттаму додаваат дека Мајкл Георгиевски, ученик во четврта година во СОУ гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци, и Јан Стојановски, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје освоиле бронзени медали, а Матеј Гелев, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје и Емилија Николовска, ученичка во трета година во Математичко-информатичка гимназија во Скопје, добиле пофалници.

На оваа олимпијада во тимот учествувал и достојно го покажал своето знаење и Кристијан Шишкоски, ученик во четврта година во „Св. Климент Охридски“ во Охрид.

Водачи на тимот беа проф. д-р Ламбе Барандовски, вонреден професор на ПМФ во Скопје, и проф. д-р Боце Митревски, редовен професор на ПМФ во Скопје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование