17.08.2021
Здравје
Важни хранливи материи кои се есенцијали за време на бременоста
Бременоста е значаен период и за мајката и за бебето и повеќето земји во Европа и САД развиваат долгогодишни стратегии за поддршка на здрава бременост, а како дел од ова е и оптималната исхрана која игра клучна улога во здравјето на мајките и доенчињата, пред, за време и по бременоста. Водечките здравствени организации вклучувајќи ја и Светската здравствена организација (СЗО) истакнаа неколку важни хранливи материи кои се есенцијали за време на бременоста, вклучително и холин и ДХА (докозахексаеноичната киселина). Бремените жени и доилките се изложени на зголемен ризик од недостаток на холин, бидејќи се зголемуваат потребите за истиот, а и внесот на ДХА со секојдневната исхрана е исто понизок. Холинот и ДХА се неопходни хранливи состојки за нормален развој на мозокот, бидејќи тие се интегрални структурни компоненти на невролошките системи, а недостатоците во текот на раниот живот можат да имаат долгорочно влијание врз функцијата на мозокот. И двете се користат во развојот на мрежницата и недостатокот на соодветни количини може негативно да влијае на здравјето на очите.
Покрај улогата на холин во општата физиологија, холинот има критична улога за време на бременоста. Ниските нивоа на холин се поврзани со зголемен ризик од дефекти на невралната туба, што сугерира дека внесот на холин треба да се зголеми пред бременоста, бидејќи затворањето на нервната цевка се случува до четвртата недела од бременоста (28 дена по зачнувањето). Како што напредува бременоста, побарувачката за холин значително се зголемува, бидејќи е потребна за развој на плацентата, зголемен обем на работа од органите на мајката и за поддршка на растoт на феталните органи, како и важноста за здравјето на мајката. И покрај важноста на холин во мајчиното здравје, многу од трудниците не го исполнуваат дневиот препорачан внес. Приближно 90-95% од бремените жени примаат помалку од соодветниот внес. Експертите забележуваат дека холинот не се наоѓа во повеќето пренатални и додатоци за во текот на бременост, што укажува на тоа дека е потребна зголемена свесност за местото на холинот кај здравјето на новороденчињата и мајките и за подобрување на внесувањето преку консумирање храна богата со холин и / или додатоци во исхраната.
Бројните истражувања ја покажуваат важноста на холинот во развојот на мозокот, а новите истражувања на сугерираат дека развојот на очите може да биде зависен и од внесот на холин. Заедно, акумулираните докази го потенцираат долгорочното значење на холинот во пренаталната исхрана. Надвор од пренаталниот развој на мозокот, холинот игра значајна улога во континуираниот развој на мозокот и во когнитивните функции. Сите овие истражувања укажуваат на бенефитите од користење на холинот.
Покрај холниот од есенцијално значење за мајката и бебето е и докозахексаеноичната киселина или попозната како ДХА. Различни фактори може да влијаат на нивото на ДХА кај мајките, вклучувајќи ја исхраната, како и здравствените услови пред бременоста, нарушен метаболизам на масни киселини и следствено на тоа, да се променат барањата за ДХА. Општо земено, потребите на ДХА за фетусот се зголемуваат за време на бременоста, достигнувајќи го крајот на третиот триместар (по 32-та недела), време на голем раст и развој, како и значително зголемување на ДХА во мозочното ткиво на фетусот. Ова укажува на потреба за зголемен внес дали преку исхрана или додатоци на исхраната што содржат докозахексаеноичната киселина ( ДХА ).
Докозахексаеноичната киселина е неопходна за нормален вид и развој на мозокот. Неодамнешните студии забележаа ефект на мајчиниот и фетусот ДХА-статусот врз општата здравствена состојба, вклучувајќи различни резултати од здравјето на мозокот и очите во раното и средното детство.
Обезбедувањето оптимална исхрана за време на бременоста бара повеќеслоен пристап. Потребни се ефективни стратегии за да се утврди статусот на хранливи материи, да се решат клучните празнини на хранливите материи и да се добие подлабоко разбирање на интеракциите на хранливите материи за време на бременоста. Со поголемо разбирање за потребите на хранливи материи кај мајките и за тоа како генетските фактори и животните фактори влијаат на метаболизмот, ние можеме да ги подобриме нутритивните пристапи и да ги избереме правилните додатоци на исхраната кои ќе обезбедат препорачан дневен внес од сите есенцијали хранливи материи во периодот пред, во текот и после бременоста, затоа што крајната цел на сите нас заедно гинеколози, трудиници и педијатри е здраво дете.
Спец.Д-р Камка Коцева
Специјалист гинеколог – акушер
ПЗУ Афродита Плус Кавадарци
Подготвил: Спец. д-р Камка Коцева