X
 19.01.2018 Наука

Денеска геомагнетна бура ќе ја погоди Земјата

бура
Фото: YouTube/Screenshot

Земјиното магнетно поле денес ќе биде погодено од геомагнетна бура - феномен што може да влијае врз електричните мрежи, сателитите и воздушната линија и да предизвика застој низ цел свет.

Геомагнетната бура е привремено прекинување на магнетосферата на Земјата, а е предизвикана од активностите на Сонцето. Бурата што ќе ја погоди денес Земјата, Американскиот центар за предвидување на временски непогоди во вселената и Агенцијата за проучување на океаните и атмосферата ја класифицираа како Г-1. На нивната скала тоа е геомагнетна бура со најслаба јачина. Меѓутоа, тие предупредија дека сепак бурата би можела да предизвика лоши осцилации на мрежните станици и да влијае врз сателитските операции, како и на животните што мигрираат.

Стравот од геомагнетни бури не е неоправдан. Бура од категорија Г-5 би влијаела врз електроенергетскиот систем низ светот - би можела да доведе до целосен колапс на системот на компјутерските мрежи и до големи оштетувања на електричните трансформатори, што би предизвикало прекин на електричната енергија низ Земјата и би се создал хаос во општеството - не би работеле мобилните телефони, Џи-пи-ес, ниту интернетот.

Најголемата забележана геомагнетна бура во историјата бил настанот Карингтон што се случил во 1859 година.

Влијанието на геомагнетните бури врз луѓето само што почна да се проучува, но е познато дека гулабите-писмоносачи, на пример, за време на такви бури имаат проблем со навигацијата и не се во состојба да го пронајдат местото каде што треба да слетаат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука