X
 25.02.2018 Уметност

Уметноста на кинеските пропагандни постери

1

Пропагандните постери може да остават трајно влијание. За Шаомин Ли, кинески уметник, економист и дисидент, тие се особено значајни. Тој израснал за време на Културната револуција, опкружен со постери што денес ги собира. Како војник во Народноослободителната војска, Ли исто така помогнал во нивното создавање. Сега, дел од неговата колекција е изложена на новата изложба во Музејот на уметноста во Крајслер во Норфолк, Вирџинија.

1

„За мојата генерација, нашето образование беше доста револуционерна идеологија на класната борба на Мао, што било пропагирано во овие постери. Остави силен неизбришлив белег врз нас, така што многумина од нас сѐ уште потсвесно ја следат тактиката на Мао во нашите животи. На пример, многу современи бизнис-лидери во Кина го припишуваат својот бизнис-успех на мудрите мисли на Мао“, вели Ли.

2

Ли израснал за време на Културната револуција, 10-годишен период на уништување и пресврт во Кина. Била предизвикана од Мао Ѕедунг во 1966 година како начин да го утврди неговото владеење и да ја поттикне комунистичката револуција, со катастрофално влијание. Бројот на жители достигнал еден милион, иако едно истражување вели дека би можел да изнесува дури 8 милиони.

„Секогаш кога размислувам за таа ера, сцената во мојот ум е црвен океан од постери, со звучници со голема јачина од кои излегуваат песни и борбени слогани што го фалат Мао. Беше надреално. Масите беа целосно мобилизирани од Мао за да уништат сè што не беше револуционерно“, вели Ли.

е3

„Колекцијата на Шаомин Ли покажува како Комунистичката партија ги опфатила сите аспекти на животот во Кина во текот на овој период и носи уникатен увид поради неговата животна приказна“, вели Лојд Девит, главен куратор на Музејот во Крајслер.

Во 1975 година Ли се вклучил во Народноослободителната армија. „Започнав да цртам пропагандни постери не по сопствен избор - во тоа време секој уметник мораше да се занимава со пропагандни цртежи бидејќи Мао ни имаше кажано дека уметноста е само алатка за револуцијата“, вели Ли.

4

Содржината на постерите била строго регулирана: тој можел да црта само одобрени слики. „Според Мао, главната задача на уметноста беше да го отслика и прослави него и другите револуционерни херои“, продолжува Ли.

За Ли, постои безвременост во неговата изложба. „Сметавме дека кинеската Комунистичка партија ја научи својата лекција од грешките со започнување на Културната револуција. Меѓутоа, не бевме во право. Некои од практиките на Културната револуција, како што е мобилизирање на масите за поклонување на највисокиот лидер, како и потиснувањето на масите, се враќаат. Со покажување што се случило за време на Културната револуција, подобро можеме да сфатиме што се случува тука денес“, вели Ли.

5
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност