Дека „Старкрафт“ е една од најкомплексните стратегии на сите времиња, не е никаква новост, а луѓето и ден-денес ја земаат како пример за една од најтешките и најстресните видеоигри.
Тоа сосема добро го разбира и канадскиот милионер и бизнисмен со германско потекло, Тобијас Литке, кој пред неколку денови на „Твитер“ изјави дека цврсто верува дека повеќе научил за развивање и водење бизнис играјќи ја „Старкрафт“, отколку што научил од сите книги за бизнис што ги прочитал.
Тобијас е основач и извршен директор на компанијата „Шопифај“ што се занимава со онлајн трговија, а освен тоа е убеден „гик“ кој обожава компјутери и хардвер, и кој уште од десетгодишна возраст модификувал хардвер и знаел да програмира.
Во 2002 година заедно со родителите се преселил од Германија во Канада, каде и почнал да ги развива своите деловни идеи и планови, а паралелно ја водел мрежата „Руби он реилс“.