Министерството за образование на Словенија, поради епидемијата на коронавирусот, одлучи да го продолжи рокот за упис на додипломски и магистерски студии на универзитетите во земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, рокот за упис во академската 2020/21 што истекува денес, се продолжува до 9 април. Сите пријави и уписи ќе се прават исклучиво електронски.
За идните редовни студенти се отворени вкупно 18.535 места. Најголем број слободни и отворени места има на Универзитетот во Љубљана.
Извор: МИА