Народот Мангбету имал карактеристичен изглед и тоа делумно се должи на нивните издолжени глави. При раѓањето, главите на бебињата биле цврсто виткани со ткаенина за да добијат издолжен изглед.
Обичајот за издолжување на черепот бил статусен симбол меѓу владејачките класи на Мангбету, а означувал величественост, убавина, моќ и повисока интелигенција.
Деформацијата обично почнувала по еден месец од раѓањето и траела во следните неколку години додека не се постигнел саканиот облик или додека детето не ја отфрлело направата од главата.
Практиката почнала да изумира во 50-тите години со доаѓањето на повеќе Европејци и со усвојувањето на културата на Западот. Подоцна, овој обичај бил забранет од белгиската Влада, која владеела со колонијалното Конго.
Оваа деформација била создадена со врзување ткаенина околу главата на бебето уште од самото раѓање, додека кранијалната коска сè уште е мека.
Деформацијата не влијаела врз мозокот. Сè додека интракранијалниот притисок останува ист како кај нормален човек, мозокот треба да биде способен да се приспособи и да прерасне во новата форма на черепот, со што нема да има никакво оштетување. Мозокот е развојно пластичен орган и расте (се проширува) во обликот што му е даден.
Припадниците на Мангбету живеат во Централна Африка, во североисточниот дел на Конго. Името Мангбету се однесува само на аристократија, која во 19 век основала голем број моќни кралства. Овој народ преживува со обработка на земјиштето со мотика, риболов, лов и собирање.
Мангбету ги импресионирале поранешните патници со нивните политички институции и нивните уметности, особено со нивните извонредни вештини како градители, грнчари и скулптори. Тие станале познати и по нивниот наводен канибализам и по нивната практика на деформирање на главите на бебињата.
Извор:
Rarehistoricalphotos.com
Фото: Wikimedia / Smithsonian Museum / Library of Congress