X
 18.10.2023 Живот

Халеевата комета, последен пат видена во 1986 година, ќе овозможи неверојатен метеорски дожд овој викенд

Викендов на небото ќе бидат видливи ѕвезди што паѓаат со потекло од познатата Халеева комета.

Овие ѕвезди изгледаат како да произлегуваат од соѕвездието „Орион“, веднаш над познатиот Орионов појас од три светли ѕвезди, па оттука и името метеорски дожд „Ориноиди“.

Сепак, „Ориноидите“ се резултат на прашина и остатоци од Халеевата комета.

„Ѕвездите што паѓаат“ се предизвикани од прашина и остатоци од кометите кои ослободуваат енергија кога ќе се „судрат“ со атмосферата на Земјата. „Ориноидите“ се всушност еден од двата годишни метеорски дождови предизвикани од Халеевата комета. Другиот е априлскиот „Ета Аквариди“.

 
Последен пат видена во внатрешниот Сончев Систем во 1986 година, кога Халеевата била џиновска снежна топка од мраз, карпи и патишта, оваа комета влегува во внатрешниот Сончев Систем на секои 75 години, се топи и остава остатоци. Овој материјал се движи во орбиталната патека на Земјата околу Сонцето, и затоа имаме метеорски дождови.

Оваа комета ќе се врати во 2061 година, а во декември ќе биде на половина пат од своето патување, по што ќе почне да патува назад кон внатрешниот Сончев Систем.

„Орионидите“ се веќе активни, по нивното започнување на 26 септември, а ќе продолжат до 22 ноември, иако врвот ќе го достигнат в петок и в сабота, на 20 и 21 октомври.

Околу 10-20 ѕвезди што паѓаат треба да бидат видливи во еден час, кога „Орионидите“ ќе го достигнат врвот овој викенд.

Извор: Forbes.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот