X
 19.02.2021 Образование

К-15 за наставниците, организиран превоз, исплата на плата до 10-ти во месецот. Независниот синдикат на протест пред МОН ќе ги искаже барањата

Овој протест го организираме зашто веќе една и пол година, и покрај многуте обиди да воспоставиме контакт со министерката Мила Царовска, ние сме игнорирани. Како резултат на игнорантскиот однос, решивме преку синдикален протест да ги искажеме нашите барања, вели Томислав Гиевски, претседател на синдикатот

Членовите на Независниот синдикат за образование и наука утре ќе протестираат пред зградата на Министерството за образование и наука (МОН). Имаат неколку барања кои очекуваат да им бидат исполнети, меѓу кои да се почитува ставот на здруженијата на наставници во врска со најавената концепција за основно образование, платата на наставниците да се исплаќа согласно колективниот договор и да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, а бараат и на наставниците да им се исплаќа регрес за годишен одмор, нешто од што просветните работници се изземени.



- Бараме и организиран превоз, месечна карта за јавен превоз или месечен надоместок за патни трошоци за просветните работници што патуваат на работа во рурални средини или од една во друга општина. Исто така, бараме и да се трансформира работниот однос на просветните работници кои во континуитет се вработени две или повеќе години. Овој протест го организираме зашто веќе една и пол година, и покрај многуте обиди да воспоставиме контакт со министер за образование, ние сме игнорирани. Како резултат на игнорантскиот однос, решивме преку синдикален протест да ги искажеме нашите барања - вели Томислав Гиевски, претседател на синдикатот.
Независниот синдикат за образование и наука постои неколку години и брои 1.500 члена.
Подготвил: А.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование