Нов лаптоп за работа, дополнителна едукација, уредување на првиот сопствен простор или долго посакувано патување се само дел од потребите што се појавуваат токму во периодот кога младите почнуваат самостојно да управуваат со своите финансии.
За младите што веќе имаат редовни приходи, но сè уште го градат својот финансиски темел, секоја ваква одлука бара внимателно планирање. Дали да се почека и да се штеди подолго или потребното да се обезбеди сега, а трошокот да се распореди во повеќе месечни рати?
Потрошувачкиот кредит за млади до 28 години Vibe On од Шпаркасе Банка е наменет токму за финансиска поддршка за ваквите животни планови – со можност за кредит до 2,4 милиони денари, период на отплата до 95 месеци и без жиранти.
Финансиска поддршка за она што ти е важно
Не постои еден ист план за сите млади. За некого, приоритет е нов лаптоп или телефон што ќе му помогне во студирањето и работата, за друг, тоа е уредување на собата, на станот или на првиот самостоен простор. Некој сака да инвестира во патување, авантура и ново искуство, а некој во опрема, курс или во друга цел што ќе му го олесни следниот чекор.
Потрошувачкиот кредит овозможува потребниот износ да се обезбеди однапред, а неговото враќање да се распореди во период што одговара на финансиските можности на корисникот.
Максималниот износ изнесува до 2,4 милиони денари, додека рокот на отплата може да биде до 95 месеци. Кредитот се одобрува без жиранти, со каматна стапка од 4,9 % годишно за првите две години, а со можност за фиксирање на каматната стапка за целиот период на отплата.
Рати приспособени на твоите планови
Приходите и трошоците не се исти во секој период од животот. Токму затоа, потрошувачкиот кредит за млади овозможува однапред да се изберат периоди во кои ќе се плаќа пониска или повисока месечна рата.
Оваа можност може да биде корисна за младите што очекуваат промени во своите приходи или однапред знаат дека во одредени месеци ќе имаат поголеми трошоци. Притоа, каматата останува фиксна во рамките на фиксниот каматен период.
Сепак, подолгиот период на отплата најчесто значи пониска месечна рата, но и повисок вкупен износ што ќе биде платен до крајот на кредитот. Затоа, изборот на рокот не треба да се прави само според тоа која рата изгледа најлесна во моментот, туку и според вкупниот трошок на задолжувањето.
Направи информативна пресметка пред да одлучиш
Пред да се донесе конечната одлука, важно е да се провери како би изгледал кредитот во согласност со конкретниот износ и избраниот период на отплата.
Преку информативната пресметка достапна на овој
линк, младите можат да добијат појасна претстава за месечната рата, каматните стапки, вкупниот износ за отплата и дополнителните трошоци.
Со споредување различни износи и рокови, полесно може да се избере решение што реално одговара на личните примања, трошоци и планови.
Шпаркасе Банка им обезбедува на младите не само финансиска поддршка за остварување на нивните цели, туку и јасни и достапни информации за одговорно планирање на секој следен чекор. Повеќе информации за Потрошувачкиот кредит за млади до 28 години Vibe On, за неговите услови и за можностите за отплата се достапни на следниот
линк.
Покрај Потрошувачкиот кредит за млади Vibe On, младите клиенти можат да користат и
други финансиски решенија креирани според нивните потреби, какви што се
станбен кредит за млади, хипотекарен кредит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка (Overdraft), лизинг услуги и кредитни картички со поволни услови. Со својата понуда, Шпаркасе Банка им овозможува на младите полесно да ги остварат своите лични, образовни и професионални планови во различни животни фази.
(Комерцијална објава)