X
 20.09.2024 Технологија

„Супераларм“ - будилник кој гарантирано ќе ве разбуди зашто мора да извршите неколку задачи за да престане

На прв поглед „Супераларм“ е само уште еден будилник чија цел е да го реши проблемот со станувањето наутро. Иако некои ќе се обидат да се натераат да станат поставувајќи будилник со аларми кои ќе се активираат еден по друг, постои далеку попрактично решение кое го нуди „Супераларм“.

Имено, за да престане ѕвонењето, потребно е да се извршат задачи кои гарантираат дека ќе станете - решавање математички задачи, играње игра со меморија, скенирање на одреден објект или скенирање конкретен QR-код.

Сигурно е погодно што апликацијата користи и вештачка интелигенција за скенирање дефиниран објект, а исто така постои и можност за поставување проверка за да се види дали сте останале будни откако доделената утринска мисија била успешно завршена и будилникот престанал. Покрај тоа, може да се исклучи опцијата за одложување на ѕвонењето.

Самата апликација е многу лесна за користење, постои можност за повторувачки аларми, поставување произволен тон, поставување вибрации и можност по активирањето на будилникот да напишете белешка, како и некои други ситници. Во секој случај, практично и бесплатно (со реклами), на „Плејстор“ (за андроид-корисници) и на „Еп стор“ (за иОС корисници).

Извор: bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија