„Самсунг“ ве кани да размислувате „надвор од кутијата“ откривајќи го новото еко-пакување за своите телевизори. Кутиите имаат точки низ површината за да можете да ги следите и да направите нешто сосема ново.
Со малку напор можете да направите мини-полица, мини-масичка, па дури и куќичка за вашата мачка.
Според Кангвок Чун, извршен потпретседател и шеф на тимот за стратегија на производи во „Самсунг електроникс“, ова е начин компанијата да се поврзе со потрошувачите кои сакаат да живеат на поодржлив начин.
- Постои поголема веројатност потрошувачите да купат од бренд што споделува слични основи и вредности какви што имаат тие, а со нашето еко-пакување веруваме дека можеме да им обезбедиме на клиентите ново искуство - вели Кангвок.
Но, „Самсунг“ нуди и нешто друго. Ако имате подобра идеја, тогаш пробајте си ја среќата на натпреварот „
Dezeen x Samsung Out of the Box“, кој нуди награда од 20.000 долари за најдоброто решение. Натпреварот е отворен за сите на возраст над 18 години од која било земја во светот. Рокот за пријавување е 29 мај, а потесниот круг на најдобри картонски дизајни ќе биде објавен на веб-страницата на „Дезеен“ во јули.
- Бараме иновативни дизајни што ќе бидат и корисни и функционални. Предметот треба да биде нешто што навистина луѓето сакаат да го имаат во својот дом и добро се вклопува со нивниот животен стил - велат од „Самсунг“ и „Дезеен“.
Извор:
Bored Panda