X
 21.06.2023 Живот

Последната плата на работник му ја исплатил со мрсни монети, сега ќе мора да плати повеќе од 39.000 долари

Сопственик на автомеханичарска работилница во Пич Сити, Џорџија, се кае за својата одлука да ја исплати последната плата на поранешен вработен со мрсни монети.

Мајкл Вокерс и неговата компанија „ОК Лагжри Аутоворкс“ на Андреас Флатен и осум други вработени мора да им исплати повеќе од 39.000 долари.

Одделот за труд поднесе жалба против компанијата во декември 2021 година, откако било откриено дека Вокер и неговата компанија го прекршиле законот. Имено, еден работник пријавил дека Вокер не му ја дал последната плата и како одмазда, му доставил 91.500 пени покриени со нафта на прагот на неговиот дом.

Купот парички бил толку голем што го блокирал и извалкал патот на работникот и му биле потребни речиси седум часа да исчисти. За работите да бидат уште полоши, Вокер објавил и клеветнички изјави за Флатен на веб-страницата на неговата компанија.

Во април 2021 година, девојката на Флатен, Оливија Оксли, вели дека на почетокот биле бесни, но тоа се променило кога почнале да го чистат патот.

- По првата лопата, сè што можевме да направиме е да се смееме, бидејќи на овој човек толку долго време му одзеде одмаздата. Апсолутно одбивме да му дозволиме да ни уништи ниту еден момент - вели таа.

По пресудата, регионалниот обвинител на Министерството за труд, Тремел Хауард, во изјава рече дека судот испратил јасна порака до работодавците како Мајлс Вокер кои ги подложуваат вработените на нефер практики на плати и директно заплашување и одмазда.

- Работодавците кои веруваат дека можат намерно да ги прекршат законите за работни односи на сметка на вработените и конкурентите, треба да разберат дека ќе направиме сè што е во рамките на нашите права за да ги изведеме пред лицето на правдата. Работниците имаат право да ги добиваат платите што ги заработиле без страв од вознемирување или заплашување. Одделот за плати ќе ги искористи сите достапни алатки за да се осигура дека правата на работниците се заштитени и дека работодавачите нема да возвратат кога ги остваруваат тие права. Овој случај треба да послужи како предупредување за работодавачите дека одмаздата нема да се толерира - изјавил регионалниот администратор за плати Хуан Кори.

Извор: People.com
Фото:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот