X
 22.06.2023 Здравје

Храна што го крева нивото на енергија подобро од кофеинот

Храната што ја јадеме ни дава различни количини на енергија. Секоја храна нема ист ефект врз нивото на енергија, а одредени намирници можат повеќе да ви ја кренат енергијата од кофеинот.

Ваквите намирници спаѓаат во групата јаглехидрати, но исто така се богати со влакна и побавно се варат, со што обезбедуваат континуиран проток на енергија во организмот. Овие четири видови на храна ќе ви помогнат да ја одржите енергијата во текот на денот.

Пуканки

Тие се добар извор на антиоксиданси и можат да ја задоволат потребата за енергија, а исто така имаат малку калории, масти, шеќер и натриум.

Путер од кикирики

Тој е добар извор на протеини и влакна, а не го менува нивото на шеќер во крвта, а многу луѓе го користат кога се обидуваат да ослабат.

Банани

Тие се богати со калиум и помагаат во обезбедување на потребната енергија за извршување на секојдневните задачи.

Сладок компир

Оваа храна се консумира ширум светот, богата е со влакна и не содржи додаден шеќер.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје